Ги знаете приказните за Планетата X и Нибиру? Наводно мистична 10-та планета требаше да улета во Сончевиот систем и тотално да не збрише од постоење. Или тоа, или требаше да ги донесе Анануките (џинови кои не оставиле тука за *пополни по желба*, на кои сме им робови) за они да не збришат.
Според теоријата, додуша, тоа веќе требаше да се случи, бар во неколку наврати. Требаше во 2012-та, кога демек според Маите ќе престанел да постои светот, ама требаше и годинава, во септември, па во октомври, па во ноември…
Има доста причини зошто тоа не се случи, ама најголемата е што таква 10-та планета не постои. И НАСА се потруди тоа да го објасни, ама попусто, особено со нејзината репутација меѓу теоретичарите на завери.
Според конспираси „познавачот“ Мет Роџерс, светските лидери го прикриваат постоењето на истата за да спречат масовна хистерија ширум светската популација…
Ама не завршува тука.
Според него, владите истото го прават и со таканаречените „кемтрејлс“ – прскаат хемикалии на небото за да ја скријат Нибиру.
Ама и таму не завршува. Имено, и Сонцето и Месечината се лага. Во едно поново видео, Мет тврди дека тие се само „рефлекторни симулатори“ дизајнирани да ја скријат Нибиру од нашите погледи.
Цитиран во The Express, Мат објаснува: „Кога гледаме нагоре треба да ја видиме Месечината, а не тој сноп од светлина. Верувам дека користат уште еден рефлектор таму горе – навистина изгледа многу чудно. Тоа не е Месечината. Сум ја видел Месечината на webcam снимки, па дури и со двоглед, и Месечината не го предизвикува таквото сино небо околу неа“.
„Луѓето тврдат дека не можат ни ѕвездите да ги видат навечер, така што Месечината е дефинитивно (вештачки) осветлена. Без тронка сомнеж, тоа горе не е Месечината – премногу е светла, премногу бела“, заклучува Роџерс.
Е па ете, сега знаете. Ајде трк на паничење.