Една од главните причини за побелена коса во денешно време е краткиот животен век на модерните батерии, особено оние на гаџетите и смартфоните. Со секое наредно полнење, полека но сигурно, батеријата губи сé повеќе капацитет, па на крајот сте приморани или да ја менувате, или да купите комплетно нов уред.
Но има надеж. Научниците од Универзитетот UC Irvine се пофалија дека откриле револуционерна технологија која ќе овозможи неограничен број на полнења и исклучително долг животен век на просечната батерија, дури и до 400 години, без загуба на капацитет.