Нова социјална мрежа без реклами ќе се бори против Фејсбук

Нова социјална мрежа изгрева на хоризонтот. Ello започна во март оваа година, а до септември нејзината публика  започна да расте исклучително брзо.

Според податоците од компанијата, регистрираните корисници се удвојуваат на секои 3-4 дена.

Низ годините, голем број на социјални мрежи се обиделе да го „убијат“ Facebook, но ниту една засега не успеала дури ни да се приближи до популарноста на најпознатата социјална мрежа.

Главниот извршен директор на Ello, Пол Будниц, верува дека може да го промени тоа. Будниц е познат како основач на компанијата Kidrobot, која е специјализирана во трговијата со уметнички играчки, прибор и облека. Концептот на Ello е убав дизајн и никакви реклами. Мотото на проектот е „Simple, beautiful & ad-free” („Едноставно, најубаво и без реклами). Ello е друштвена мрежа која не вклучува спонзорирани содржини како целина. Таа  овозможува да го покажете вашето вистинско име или да користите надимак, а последниот ред од нејзиниот манифест вели „Вие не сте производ”.

Ello е уште во бета верзија и некои од предвидените  можности не се реализирани, но и во овој вид таа е целосно функционална социјална мрежа.

Посакуваме допрва да се развива и да создаде здрава конкуренција.

- Реклама -