Новата сезона на „Арчер“ стартува денес

Денес е убав ден за сите фанови на анимираната серија Арчер. Зошто? Бидејќи новата, четврта сезона стартува денес.

Како што е најавено, шоуто и понатаму изобилува со диви и опасни акции и одличен и малку бизарен хумор. Арчер и екипата од ISIS се враќаат на екраните со 13 нови епизоди започнувајќи со премиерното издание “Fugue and Riffs” во кое Арчер страда од амнезија.

Ако досега не сте ја погледнале, а сте во потрага на интересна серија која ќе ве насмее, топло ви ја препорачуваме.

За сите оние кои се во исчекување на првата епизода од четвртата сезона, погледнете ги „интервјуата“ на главните јунаци кои беа пуштени како загревање пред премиерата. Арчер, Лана и Мелори раскажуваат како изледа нивниот перфектен ден.

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=CUOjuhAld54[/youtube]

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=rsxZYItS7GU[/youtube]

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=l0tKVOJaAKI[/youtube]

- Реклама -