Авантурите на Тери О’Квин, Мајкл Емерсон и Џ.Џ. Абрамс можеби сѐ уште не се готови. Извршниот продуцент и креаторот на култната серија „Изгубени“ изјави дека подготвува нова шпионска серија, во која главни ѕвезди ќе бидат поранешните актери од „Изгубени“.
Авантурите на Тери О’Квин, Мајкл Емерсон и Џ.Џ. Абрамс можеби сѐ уште не се готови. Извршниот продуцент и креаторот на култната серија „Изгубени“ изјави дека подготвува нова шпионска серија, во која главни ѕвезди ќе бидат поранешните актери од „Изгубени“.
Иако Тери О’Квин беше една од главните ѕвезди во „Изгубени“, Мајкл Емерсон, кој го портретираше ликот на Бен, не беше планиран за такво нешто. Имено, планот беше тој да настапува само во неколку епизоди. Но, публиката веднаш го забележа и го засака Мајкл, со што и тој доби статус на ѕвезда.
Сега обожувателите на „Изгубени“ можат да здивнат – бидејќи своите омилени актери ќе можат да ги видат во нова серија, повторно во тим. Креаторот на „Изгубени“ подготвува серија со работен наслов „Odd Jobs“, која иако ќе биде со шпионска тематика, сепак ќе биде драма со доза на комедија.
Емерсон и Тери зборуваат дека сакаат да работат заедно веќе неколку месеци и изјавија дека сега сакаат некоја полесна серија, која ќе им одговара на годините.
Во февруари имаше гласини дека Тери ќе настапува во серија каде што тој ќе толкува улога на платен убиец од предградието, со семејни проблеми.
Зошто оваа серија има добри шанси за успех? За почеток, секој обожавател на „Изгубени“ ќе ја гледа. Потоа, тимот Емерсон и Тери веќе е докажан и ги има освоено срцата на публиката. Шпионска тематика? Кој не го сака тоа? Креаторот Џ.Џ. Абрамс веќе е докажан режисер, продуцент и филмски гениј. Уште ако музиката е на Мајкл Џиачино (одговорниот за музиката во „Изгубени“), може да се каже дека работата е завршена. Претпоставката на овој автор е дека серијата ќе добие зелено светло за втората сезона, уште пред да заврши првата. [J.J. Abrams Pitching New Spy Series Starring Terry O’Quinn, Michael Emerson]