Фотографот Мурад Осман, за кого сме ви раскажувале и порано , е мајстор за фотографии кои покажуваат далечни катчиња во светот.
Тој објави фотографии со хаштаг #FollowMeTo и секоја од нив е направена од негова гледна точка, претставувајќи ја неговата девојка која го води до најразлични места на нашата планета.
Најновите слики од оваа постојана серија ги претставуваат двајцата на одмор во Индија. Облечена во традиционални индиски парчиња и носејќи убави скапоцености, девојката ги надополнува на идеален начин овие романтични слики кои се олицетворение на секој љубител на авантури.
Погледнете уште на неговиот профил.