Критиката продолжува. Уметниците ширум светот се најголемите критичари на современиот систем во кој живееме денес.
Тие постојано сервираат студени илустрации за суровиот механизам во кој што сме вовлечени и изманипулирани.
Најновите илустрации на кои налетавме доаѓаат од уметникот Dran, кој е мултиартист и користи различни медиуми за изразување – илустрации, графити, цртежи, инсталации со кои го исмева современото општество и човекот во него, а сето тоа тој го прави иронично и на моменти со црна смисла за хумор.
Со уметноста “Францускиот Банкси” критикува важни теми на модерната култура како слободата на изразување, уништувањето на животната средина, прекумерната потрошувачка …