Според последните дизајнерски трендови, сивата боја го замени бежот, кога станува збор за уредувањето на ентериерот.
Сивата стана основа на неутралните бои во просторот. Сите нијанси се прифатливи од темни и драматични до светли и едноставни.
Сивите тонови можат да направат потопол ефект, па можете да додадете жолти и кафеави нијанси или постуден ефект во комбинација со розови и сини нијанси.
Во секој случај, тоа е боја која е добредојдена во секоја просторија од ходникот, кујната, дневната соба, трпезарија и спалната соба.
Можете целата површина да ја обоите во сиво или само одреден дел кој ќе сакате да го истакнете, дали тоа ќе биде парче мебел, тепих или прекривач.
На располагање ви се многу можности на користење на оваа боја и многу нови идеи. За да добиете инспирација, погледнете ја нашата фотогалерија.