Нова мобилна апликација ќе ги направи излишни банкарските сметки

Речиси половина од светското население располага со банкарска сметка.

Во исто време банкарските услуги стануваат се поскапи во последниве години. Abra е нов стартап кој планира да стави крај на потребата да имате банкарска сметка со развиена мобилна апликација.

Abra цели кон тоа да се направи лесно и достапно влечењето, депозирањето на средства и испраќањето на пари на други сметки.

Апликацијата цели да го направи непотребно користењето на банкомати и банкарски филијали, ветуваат од компанијата. Таа е различна од сегашните слични апликации како Simple, Venmo, PayPal и Chase Pay, бидејќи не бара банкарска сметка за извршување на операциите.

Идејата е дека банкарството треба да биде толку лесно како испраќање на текстуална порака.

„Во еден хипер поврзан свет е фасцинантно како не можеш да го земеш телефонот и веднаш да испратиш средства на друг број во целиот свет“, коментира основачот на Arba, Бил Бархидт, поранешен софтверски инженер во Goldman Sachs.

Тој ја претстави компанијата минатата недела за време на финансиска конференција во Њујорк.

„Обично банките се добри во сервисирање на 5 до 10% од луѓето со високи приходи“, коментира Бархидт.

CI.phone_money

Како работи Abra?

На пример, ако имате потреба од 100 долари во кеш, за да ги добиете преку апликацијата се поврзувате и пронаоѓате „банкарски службеник“ на погодно место околу вас (преку GPS-а на smartphone). Ова може да е нормален човек или институција, која е регистрирана како дел од апликацијата (слично на системот на Uber). Еднаш откако сте пронашле таков  „банкарски службеник“, се среќавате. Секој од двајцата добива код за валидност на трансакцијата. Потоа чиновникот ви ги дава потребните 100 долари. Депозитите работат на ист начин, но по обратен редослед. „Банкарските службеник” прават пари, со тоа што наплаќаат провизија која самите ја определуваат. Препораките на Abra се за наметнување на надоместок од 1,5%, во зависност од локацијата.

Во моментов Abra се уште е во петтата верзија, но ќе биде лансирана во САД и Филипините по неколку недели. Компанијата соопшти дека склучила договори за десетици илјади “банкарски службеници” во двете земји. Плановите на компанијата се поврзани со ова нејзиниот бизнис да стане меѓународен следната година.

- Реклама -