Нова манија меѓу моделите: Изгорена коса

 Топ моделот на Victoria’s Secret, Алесандра Амбросио, објави фотографија на социјалната мрежа Instagram , на која може да се види фризерка која ја пали нејзината коса со свеќа, за да изгледа погламурозна и идеално права.

Новата техника се нарекува “велатерапија” и е измислена во Бразил во 60-тите години, а истата ги согорува расцветаните краеви.  Според стручњаците преку неа се задржува природната хидратација на влакното.

Еве како се обработува – прво косата се дели на мали слоеви, кои се извртени, а потоа краевите се горат само малку и прецизно со свеќа. Потоа, постапката завршува со длабока хидратација на влакното со соодветни производи.

Водечките фризери советуваат сепак: не го правете ова дома! Освен што може да биде многу опасно, согорувањето треба да заврши со третман на влакното на правилен начин, а најсоодветниот начин за тоа треба да биде избран од страна на специјалист.

alessa

- Реклама -