Нова легура претвара топлина во струја

легураСпоред истражувачите од Универзитетот од Минесота, оваа нова легура со уникатни својства може да претвори термална енергија директно во електрична струја. Легурата, мултифероичен композит на никел, кобалт, манган и калај, може да биде или немагнетна или екстремно магнетна, во зависност од температурата.

Мултифероичните материјали поседуваат и магнетизам и фероелектрицитет, или трајна електрична поларизација. Материјалите кои ги поседуваат двете својства се екстремно ретки.  Во овој случај, новата легура – Ni45Co5Mn40Sn10 – поминува низ ревирсибилна трансформација на фази, во која еден тип на цврст материјал преминува во друг тип на цврст материјал со промената на температурата. Специфично, легурата од немагнетна станува екстремно магнетна. Промената на температурата која е потребна за ова да се случи е мала.

Кога загреаната легура ќе биде поставена во близина на траен магнет, магнетната сила на легурата ненадејно и драматично се зголемува. Според истражувачите, предводени од професорот по воздухопловен инженеринг Ричард Џејмс, ова создава електрична струја во околниот навој. Процес наречен хистересиз предизвикува дел од термалната енергија да биде загубена, но кај оваа нова легура прагот на овој процес е многу низок. Тоа занчи дека би било можно да се претвори загубената термална енергија во големи количини на електрицитет. Една очигледна употреба за оваа материја би била во издувите на возилата.

Неколку автомобилски производители веќе работат на направи за трансфер на топлината кои би можеле да ги претворат жешките издувни гасови во електрична енергија која би можела да биде употребена. Трајните магнети се веќе неопходни во батериите на многу хибридни автомобили, па направите за искорисутвање на топлината направени од новото мултифероично соединение би можело да биде поставено во нивна близина. Истражувачите велат дека материјалот би можел да биде искористен и за електроцентрали или дури и генератори кои би ја користеле термалната енергија од океаните. [New alloy can convert heat directly into electricity]

- Реклама -