Научниците со помош на вселенскиот телескоп “Хабл”, добиле нови фотографии на Јупитер, вклучувајќи мистериозна Голема црвена дамка, по што прибегнале кон составување на нова карта на планетата гигант од Сончевиот систем, соопштува сајтот на НАСА.
Слични забелешки на планетите се наменети за изучување на движењето на ветровите, облаците, бурите и хемискиот состав на атмосферата.
Новите фотографии на Јупитер им овозможија на научниците да видат необичен бран на север од екваторот на планетата и уникатен влакнест субјект во срцевината на Големата црвена дамка.