Канаѓаните биле збунети од новата банкнота од 20 долари на која, според некои граѓани, се претставени три голи жени и кулите близначки. Владата ја претставила новата банкнота како дел од обновувањето на монетарниот систем.
Но она што е претставено на банкнотата всушност е споменикот Вими во северна Франција, најголемиот споменик во странство за канадските војници кои загинале во Првата Светска Војна. Сепак, многу Канаѓани на неа ги виделе кулите близначки и три голи жени крај монархот Елизабета II. Споменикот Вими е симбол за храброст и пожртвуваност.
Тест групи, составени од граѓани од разни генерации, ја анализирале банкнотата пред да биде пуштена во употреба. Еден од нив изјавил: „Ова е порнографија. Што држи жената на врвот?“ Оваа грижа била забележана во неколку извештаи во петгодишниот период на консултации во категорија „потенцијални контроверзи“.
Но и покрај тоа што многу припадници на тест групите помислиле дека се работи за спомен на кулите близначки во Њујорк, споменикот Вими е симбол за единството помеѓу Франција и Канада – претставени со јаворов лист и стилизиран крин. Групата жени на споменикот се Хорот, највисоките се Правда и Мир – која држи факел. Надеж, Милосрдие, Чест и Верност се сместени веднаш под Правда и Мир. Вистина и Знаење се наоѓаат на западната страна на споменикот.
Новата банкнота од 20 долари е направена од новиот полимер и ќе биде пуштена во циркулација во ноември. Сегашната банкнота од 20 долари е најфалсификуваната канадска банкнота и проценето е дека половина од банкнотите во циркулација се фалсификати. Новиот метод на производство на банкноти ќе ги направи истите потешки за фалсификување и притоа ќе траат двапати подолго од хартиените. [Canada’s new $20 dollar bill has ‘naked women and the Twin Towers on it’]