Нова „бомба“: „Никако тие згради, тие се на Нефи бандитот, Албанецот“, му вели Николоски на Јанакиески

И денеска продолжува објавувањето на предизборни „бомби“. На Јутјуб каналот „Обнова на режимот“ објавен е нов нелегално прислушуван разговор, повторно меѓу ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во разговорот, Јанакиески му се јавува на Николоски и му вели дека има некој план за Охрид, за зградите во продолжение на зградите на Гранит. Николоски веднаш го прекинува со зборовите: „Ооо, никако! Тоа е од Нефи, од овој бандитов, Албанецов“.

Јанакиески му потврдува дека се работи за четири згради, а Николоски додава:

„Даа, да, од Нефи се тие, тоа му е дел од договорот, за ова, за избориве“…

Нефи Усеини е претседател на огранокот на ДУИ во градот, актуелен советник во Општина Охрид и сопственик на неколку дивоградби.

- Реклама -