За време на организираната конференција од Adobe – MAX, инженерот Ашутош Џагдиш Шарма претстави нова функција која им овозможува на корисниците да сликаат познати споменици и знаменитости без други туристи да ја расипат нивната фотографија.
Тоа веќе ќе биде можно, бидејќи во Monument Mode камерата на смартфонот ќе може да ги брише останатите објекти од сликата во реално време. Засега се уште не е јасно како делува оваа технологија, освен тоа што таа користи нов алгоритам кој ги разликува подвижните објекти од неподвижните.
Шарма сепак направи демонстрација, која можете да ја видите во видеото во прилог.