Услугата на Android Device Manager која помага за заклучување и лоцирање на изгубените уреди, ја ажурира својата апликација со што создава многу подобри услови за заклучување.
Со новите промени, сега е возможно при заклучување на телефонот да одберете порака која сакате да се појавува на екранот или пак да напишете телефонски број на кој можат да се јават оние што би го пронашле изгубениот уред.
Телефонскиот број се впишува на екранот, без разлика што истиот е заклучен, а на истиот има опција да се притисне „јави се на сопственикот“. Покрај бројот, на екранот може да се појавува порака која самите ќе ја напишете.
Корисниците сами си одбираат дали сакаат да ја користат оваа нова услуга, но според нејзината корисност истата се препорачува. Апликацијата веќе може да се најде на Android Device Manager, или преку интернет на оваа адреса android.com/devicemanager.
Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk