Актерот Сер Иан Мекелен официјално ги подржа поштенските марки и монети кои се создадени во чест на првиот Hobbit филм.
Поштата на Нов Зеланд, во соработка со авторите на The Hobbit, создаде официјални марки за комеморација на премиерата на првиот филм од трилогијата – The Hobbit: An Unexpected Journey. Сер Иан Мекелен, кој повторно го игра Гандалф откако го играше ликот во Lord of the Rings трилогијата, вели дека монетите и марките совршено го отсликуваат неговиот лик.
„Да го ставите Гандалф на овие прекрасни монети е волшебна идеја“ рекол Мекелен. Тој искоментирал и дека е импресиониран од специјално дизајнираните марки, велејќи: „Шилестата шапка, брадата и осветлениот стап – марката од 1,9 долари е чист Гандалф.“
Монетите ќе бидат пуштени во продажба од 1 ноември, заедно со шест марки кои го слават филмот. Претставникот на Поштата на Нов Зеланд, Сајмон Алисон, вели дека колекторските предмети се соодветни потсетници за филмот и се совпаѓаат со митологијата. „Ние сме единствената земја во светот која има законски права да ги произведува овие монети со ликови од приказна која ќе стане класична серија.“
The Hobbit: An Unexpected Journey ќе има премиера на 14 декември а вториот филм The Hobbit: The Desolation of Smaug ќе следува на 13 декември следната година. Последниот дел The Hobbit: There and Back Again е закажан за 18 јули, 2014 година. [The Hobbit: An Unexpected Journey stamps and coins]