Нов закон на Филипини: Без посадени 10 стебла не можеш ни да дипломираш

Филипини донесоа нов закон, според кој учениците, но и студентите, мораат да посадат по најмалку 10 стебла. Во спротивно, нема да можат да го завршат основното и средното образование, а ни факултетот, пренесува CNN.

„Со повеќе од 12 милиони ученици кои завршуваат основно училиште, речиси 5 милиони ученици кои завршуваат средно, и речиси 500.000 дипломци на факултетите, секоја година, иницијативата, ако правилно се спроведе, ќе осигура дека секоја година ќе бидат посадени најмалку 175 милиони нови стебла. Во текот на една генерација, покажуваат проценките, можат да се посадат и до 525 милијарди стебла“, вели авторот на предлогот – Гари Алејано.

Дури и со стапка на пpeживување на стеблата од само 10%, тоа ќе значи дека младите ќе живеат иднина во која ќе имаат на располагање уште 525 милиони стебла, додава тој.

Стеблата ќе се садат на шумските, мангровите и заштитените подрајча, но и на цивилните, воените, и урбаните подрачја. Ќе се садат и околу неактивните и напуштени рудници, па и на сите други соодветни земјишта. Сето тоа ќе биде во согласност со плановите на локалните самоуправи, како и со конкретните услови во зависност од локацијата, климата и топографијата.

Според законот, задолжени за спроведување на иницијативата ќе бидат Министерството за образование и Комисијата за високо образование, во соработка со Министерството за животна средина и природни ресурси, Министерството за земјоделство, Одделот за аграрни реформи и уште неколку владини агенции. Државните opгани ќе ги основаат расадниците, ќе ги произведуваат/набавуваат садниците и ќе ги подготвуваат местата за садење, а ќе бидат задолжени и за следење и оценување на самото садење, како и за техничка поддршка и советодавни услуги. Истовремено, ќе бидат задолжени и за бeзбeднocта, превозот и транспортот, противпожарната и медицинската поддршка.

Иницијативата добива голема поддршка на друштвените мрежи, како од самите Филипинци, така и од останатите катчиња на планетата. Многумина изразуваат надеж дека примерот на Филипини ќе го следат и другите земји.

- Реклама -