Нов вид леопарди во Суматра и Борнео

leopardppОблачестите леопарди, што може да се најдат на Суматра и на Борнео, се
претставници на нов вид, покажува истражувањето спроведено од
генетичарите и Светскиот фонд за заштита на дивиот свет (WWF).

 

leopard

 

Облачестите леопарди, што може да се најдат на Суматра и на Борнео, се претставници на нов вид, покажува истражувањето спроведено од генетичарите и Светскиот фонд за заштита на дивиот свет (WWF).

Се' досега се мислело дека овие леопарди им припаѓаат на видовите што може да се најдат на континенталниот дел од југоисточна Азија. Научниците сега веруваат дека двата вида се изделиле како засебни пред повеќе од милион години и оттогаш еволуирале. Облачестите леопарди се најголемите предатори на Борнео и можат да израснат колку мал пантер.

 

leopard2

 

– Резултатите од генетските анализи јасно покажуваат дека облачестите леопарди од Борнео треба да се сметаат за посебен вид. ДНК-тестовите покажуваат околу 40 разлики меѓу двата вида – вели д-р Стивен О’Брајан, директор на Лабораторијата за генетски диверзитет.

Дополнителна поддршка на теоријата за засебни видови даваат анализите на поставеноста на шарите од крзното на леопардите. Леопардите од Борнео и Суматра имаат мали „облачиња“ со многу карактеристични нагласени точки во нив, сиво и темно крзно и двојни линии по должината на грбот. Нивните континентални роднини имаат големи облачести шари со многу малку, често бледи точки во нив, а крзното им е посветло и жолтеникаво-златно.

– Моментот кога почнавме паралелно да го анализираме крзното на континенталните и на островските облачести леопарди од Борнео, јасно беше дека споредуваме два различни вида. Неверојатно е што никој досега не ја уочил разликата- вели д-р Ендрју Китченер од Националниот музеј на Шкотска.

 

leopard3

 

Според проценките на Светскиот фонд за заштита на дивиот свет, кој спроведува огромна операција за заштита на дивиот свет на Борнео, на островот има околу 5.000 до 11.000 облачести леопарди, додека нивниот број на Суматра е од 3.000 до 7.000 леопарди.

– Фактот дека најголемиот предатор на Борнео сега се смета за посебен вид дополнително ја нагласува важноста на заштитата на „Срцето на Борнео“ – вели Стјуарт Чепмен од WWF, координатор на проектот за заштита на дивиот свет на островот.

Трите влади што поседуваат територија на островот – Индонезија, Малезија и Брунеи – потпишале договор на почетокот на годинава со кој се обврзуваат да го штитат „Срцето на Борнео“, 200.000 квадратни километри прашума во центарот на островот за која се верува дека е особена богата со флора и фауна.

 

виа. 

 

- Реклама -