Новиот филм на компанијата Дизни, „Алиса во земјата на чудата“, нема да биде толку симпатична и наивна приказна каква што ја знаеме од оригиналната книга на Луис Керол. За тоа е заслужен режисерот Тим Бартон, кој раководи со цела парада на познати актери, почнувајќи од Џони Дип и Ен Хатавеј, па се до Хелена Бонам Картер и Миа Васиковска.

Во приказната на Бартон, седумнаесетгодишната Алиса е запросена пред група луѓе, после што, нормално, и станува непријатно и побегнува – право во зајачката дупка. Новина е и тоа што дознаваме дека Алиса веќе ја посетила Земјата на чудата и тоа десет години порано, но на тоа воопшто не се сеќава…. Филмот доаѓа во светските кина на 5 март 2010.