Машките фацијални влакна имале важна улога во општественото живеење уште од дамнешни времиња. Денес, тие се симбол на машкост, но и моден израз, а во моментов, полека но сигурно стануваат тренд дури и кај оние култури кои ги имаа речиси целосно отфрлено.
Со експлозијата на разни медицински техники на имплантирање, брковите од соништата станаа достапни и за оние мажи чии лица природно се малку, или воопшто не се влакнести. Решението е во Истанбул. Градот полека станува светски центар за медицински туризам, а делумно, во тоа учествува и новиот тренд на имплантирање на бркови.
Во суштина, процесот се состои од отстранување на влакна од повлакнестите делови на телото, и нивно пресадување на лицето, во форма на бркови или брада. Медицинскиот термин е „екстракција на фоликулни влакна“, што на некој начин, вусшност означува „рециклирање на влакна“. Човек не може а да не се запраша кој дел од машкото тело би бил најпогоден за една ваква процедура.
И додека некои очајно се обидуваат да се ослободат од влакнестиот додаток на лицето, се чини дека многумина, не само од Турција, туку и од светот, се почесто ги посетуваат клиниките за имплантирање, во кои ќе ве пречекаат професионалци полни со совети за совршени бркови. Кога сме кај клиниките, со цутот на овој тренд, се појавија и многу лажни експерти кои тврдат дека можат безбедно да ја извршат операцијата. Така, ако случајно се решите на ваков чекор, внимавајте!
Во продолжение, Д-р. Мелике Кулачи зборува нешто повеќе за брковите и wanna-be мустаклиите.