На денешната 130. редовна владина седница, Владата на Република Северна Македонија го прогласи 5. мај за Ден на македонскиот јазик, како празник од работен карактер.
„Одлуката овој датум да се прославува како Ден на македонскиот јазик е во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија која на 5 мај 1945 година ја усвои азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, а по два месеци Министерството за просвета го озакони првиот правопис со што беше кодифициран македонскиот јазик“, образложуваат од владата.