Нов пранк обид: Премиерот Заев разговарал и со лажна Грета Тунберг

Пред неколку дена се случил „хибриден напад“ врз кабинетот на премиерот Заев од лица кои се претставиле како Грета Тунберг и нејзиниот татко. Како што на денешната Меѓународна конференција „E-Society.mk – Отворени институции и отчетност“ истакна Марјан Забрчанец – специјален советник на премиерот, нападот, односно телефонскиот разговор на Заев со лицата што лажно се претставиле ,се случил иако премиерот наводно се посомневал во автентичноста на разговорот, но сепак решил да го доврши.

„Телефонскиот разговор бил реализиран по претходно користење на официјални брендирани мејл адреси и телефонски броеви, од хибридни центри за манипулација и преку официјален контакт со македонско дипломатско претставништво, пришто лицата се претставиле како Грета Тунберг и нејзиниот татко. Разговорот се оствари пред неколку дена, но иако одредени делови во него биле сомнителни, сепак, премиерот одлучи разговорот да се реализира до крај со цел да се разоткрие сомнежот“, истакна Забрчанец.

Според него, овој напад бил „пософистициран од оној неодамнешниот на руските пранкстери“. Тој вели дека напаѓачите се јавиле од „брендирани канали“ и од американски телефонски број, но дека проверката која траела неколку дена покажала дека се работи за „хибриден напад“. По проверката било известено и семејството Тунберг.

Разговорот бил закажан преку македонско дипломатско претставништво.

Повеќе ТУКА.

- Реклама -