Во Брисел беше усвоен план од 17 точки за контрола на движењето на мигрантите.
Лидерите на Европската унија и западен Балкан се договорија околу нови правила поврзани со бегалската криза.
Соопштено е дека по полноќ се предвидува отворање на нови 100.000 места за бегалци во прифатни центри, од кои половина во Грција, за останатите на Балканот.
Предвидена е поддршка за пограничната агенција на ЕУ – Фронтекс, на границата меѓу Бугарија и Турција, како и да се утврдат задолженијата за Фронтекс на надворешните копнени граници меѓу Грција и Македонија, како и меѓу Грција и Албанија, со фокус врз контролата на премините и регистрирање на бегалците кои не се регистрирани во Грција.