Во петок на 26 Јули, во Кинотека на Македонија, со почеток во 11.00 часот, пред новоизведениот монументален мурал на актерот Мето Јовановски, Фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм ПРЕКУ ЕЗЕРОТО во соработка со Кинотеката на Македонија, ќе одржат претставување на ова уметничко дело на авторите Евгенија Трајковска и Драган Илиќ, и вооедно ќе ја претстават единствената награда Мето Јовановски за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот.
На пресконференцијата Советот на фестивалот Преку езерото и Кинотеката на Македонија ќе ги презенитраат поривите и мотивите за овие две посебни меморијални дела направени во чест на еден од најголемите актерски имиња во Македонија и балканот, Мето Јовановски.
Муталот е направен во соработка со@rotaractclubskopjecentar