Град Скопје планира да изгради Забавен Луна парк на површина од 84.040 метри. Оваа точка ќе се најде на дневниот ред на утрешната седница на Град Скопје.
Реализацијата на програмата е предвидено да се одвидва фазно, во периодот од 2016-2018 година, а за неа задолжен е градоначалникот Коце Трајановски.
– Со цел дополнително да се поттикне визијата на Градот Скопје како развиен туристички центар, една од долгорочните цели на Градот Скопје е реконструкција и изградба на нов и модерен Забавен парк (Луна парк), кој ќе понуди нови објекти, повеќе реквизити за забава и игра, а во исто време и ќе пружи поголема безбедност за посетителите, во согласност со технолошкиот развој, европските модерни текови и вкупната економска политика – се наведува во образложението на предлогот.