Нов костум, подобро здравје за астронаутите

костумИстражувањето на вселената изгледа забавно, и најверојатно е едно од најфантастичните искуства за човекот. Но, нашите тела работат одлично во присуство на гравитација, кога истата ќе биде отстранета на подолг период телата попуштаат. Недостигот на отпор предизвикува ослабување на мускулите и коските.

Истражувањето на вселената изгледа забавно, и најверојатно е едно од најфантастичните искуства за човекот. Но, нашите тела работат одлично во присуство на гравитација, кога истата ќе биде отстранета на подолг период телата попуштаат. Недостигот на отпор предизвикува ослабување на мускулите и коските.

Овој нов компресионен костум користи тензија за да создаде отпор за коските и речиси комплетно да ја отстрани загубата. Првите тестови на Gravity Loading Countermeasure Skinsuit, кој е развиен од тим на истражувачи од Институтот за Технологија на Масачусетс, покажуваат дека костумот ги симулира ефектите на гравитацијата врз човечкото тело, што може комплетно да ја отстрани една од најголемите пречи за патување на човекот низ вселената.

астронаути

Уште од Gemini мисиите се користат кондициони вежби за да се намали слабеењето на коските, но студија спонзорирана од НАСА која траела од 2001-2004 покажала дека членовите на екипажот на Меѓународната Вселенска Станица (МВС) губеле по 2,7 проценти од внатрешната коскена маса и 1,7 проценти од надворешната коскена маса на бутните коски со секој месец поминат во вселената. Ако членовите на екипажот на МВС губеле толкав процент од нивната коскена маса по 4-6 месеци поминати во вслена, астронаутите на долги мисии до Марс – патување кое може да трае и неколку години – би можеле да загубат толку многу коскена маса што ќе бидат екстремно подложни на скршеници додека работат на површината на Марс.

Прочитајте и:  Првиот сателит со дрвени панели лансиран во вселената

Костумот намерно е направен прекус за астронаутот, па кога тој го облекува, костумот се истегнува, а потоа ги компресира рамениците на оној кој го носи кон неговите стапала. При нормална гравитација на Земјата, нозете носат повеќе тежина отколку торзото. Бидејќи ногавиците на костумот се истегнуваат повеќе отколку делот на торзото, нозете на оној кој го носи се подложени на поголема сила, која ги реплицира ефектите на гравитацијата.

Неколку прототипа на костумот биле тестирани на параболичен лет кој создава кратки периоди на бестежинска состојба. Резултатите покажале дека костумот успешно ја имитирал привлечната сила на гравитацијата врз торзото и бутините, но не поставил доволно сила врз потколениците. Истражувачите сега го рафинираат дизајнот за да го отстранат овој проблем; тие исто така планираат да го тестираат костумот за да видат како се однесува кога се носи подолго од 24 часа. Доброволците кои го носеле костумот на тест летовите изјавиле дека костумот бил удобен и дека не го ограничувал движењето, што значи дека астронаутите ќе можат да работат и да вежбаат додека го носат костумот.

- Реклама -