Нов кандидат за најглупав криминалец

Британецот Џејми Нил (41) се обидел да ја ограби локалната бензинска пумпа во Корнвел, притоа маскирајќи се со …. проѕирна кеса!!!

Џејми и неговиот соучесник Герет(20) кој бил нов во “бизнисов”, најпрво пиеле акохол, па користеле дрога и откако собрале храброст, решиле да тргнат во акција. Најверојатно Џејми сакал да му покаже на Герет како го прават тоа професионалците. Бензинската пумпа се обиделе да ја ограбат со мобилен телефон. Се обиделе да го убедат продавачот дека тоа што го држат во рака е пиштол, но не им успеало, па им викнал полиција. После два дена полицијата го препознала Џејми на улица.
Приказнава завршува за две години во затвор.
[youtube]http://youtu.be/EE8l7BxK2oY[/youtube]

- Реклама -