Нов бизнис на Apple вреден милијарди

Apple Music веќе има 15 милиони претплатници.

Ова го објави извршниот директор на Apple, Тим Кук за време на технолошката конференција во Лагуна Бич, Калифорнија.

„Од 15-те милиони луѓе, 6,5 милиони се претплатници, а останатите 8,5 милиони уживаат бесплатен 1-месечен период”.

Простата математика покажува дека 6,5 милиони луѓе плаќаат по 10 долари месечно, што носи 65 милиони долари месечно на сметката на компанијата.

NvKAZLkaRbGK5eTcwUOr_applemusic-1

Тоа значи дека една година носи 780 милиони долари приход за Apple. Во случај компанијата да успее да конвертира барем уште 1,8 милиони луѓе од корисниците тоа ќе биде бизнис вреден 1 милијарда долари.

Потсетуваме дека Apple Music беше претставен во јуни – само пред околу 4 месеци. Следниот бизнис, кој ќе ја премине границата од 1 милијарда долари, ќе бидат часовниците Apple Watch.

- Реклама -