Фотозамките во Националниот парк Маврово се поставени во рамките на проектот за закрепнување на Балканскиот Рис, но ловат и многу други богатства. По убавецов (види ТУКА) од неодамна, сега во кадар се најдоа и две мали кафеави мечиња. Фотографијата е објавена на официјалниот Фејсбук профил на Националниот парк Маврово. Проектот, инаку, се реализира во соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД).