Нов бисер од македонските учебници: Финците и Унгарците се жолта раса

Откако научивме дека Бугарија ни е западен сосед а источен Албанија, дека Монт Еверест пораснал од 8.5 на 20 километри, дека знаме на Португалија е шпанското, дека Марија Кири добила две Нобелови награди „за наука“ наместо за хемија и физика (арно не ја пишале Мараја Кери), сега од македонските учебници произлезе уште еден новитет. Овојпат се работи за учебникот по географија за VIII (во превод „осмо“, ако сте учеле и вие од модерни учебници) одделение. Имено, таму пишува дека Финците и Унгарците, заедно со Турците и Татарите, се европски народи од жолтата раса. Ај тоа, ама реченицата завршува со „и други“, што би значело дека во Европа има и други „жолти“ народи.

Овој „новитет“ од калибар на другите горенаведени, го објави порталот „Фактор“ откако ги контактирала мајката на една осмоодделенка, која била запрепастена од она што го слушнала кога ќерка ѝ ја читала лекцијата. „Фактор“ контактирал и со наставничка по географија која, за секој случај, направила свое истражување, и заклучила дека не, ни Финците ни Унгарците не се од жолтата раса…

Повеќе детали ТУКА.

- Реклама -