LG го најави својот прв 84 инчен LCD телевизор со подршка за 4K или резолуција од 3840 по 2160 пиксели.
Телевизорот исто така е опремен и со Cinema 3D технологијата на LG, како и „3D звук“ преку интегрирани 2,2 канални звучници. 4K, чие име потекнува од хоризонталната резолуција од околу 4000 пиксели (неколку формати се сметаат како 4K, од 3840×2160 до 4096×3112 пиксели), е стандард за дигитална кинематографија, кој еден ден би требало да стане стандардот за телевизорите во секој дом.
Ова сè уште не се има случено – постои многу малку 4K содржина, но со неодамнешната достапност на релативно евтини камери кои можат да создаваат видеа во ваква резолуција, наскоро и тоа ќе се смени.
84LM9600 телевизорот наскоро ќе биде пуштен во продажба во Кореја а во текот на следниот месец и во остатокот од светот. За жал, цената е малку висока – 22.106 долари. [4K, 84-inch ‘ultra’ HDTV from LG is ready to start shipping now in Korea, worldwide next month]