NotFound.org – информации за исчезнати деца на “404 Page Not Found”

Исчезнатите деца ќе бидат барани преку посети на избришани страни на одредени сајтови – благодарејќи на иницијативата на NotFound.org.

Европската иницијатива става фотографии и биографски податоци на исчезнати деца на 404 Not Found страните. Компаниите кои хостираат сајтови, интернет провајдерите и медиумските компании се приклучиле во оваа иницијатива и ќе ги поставуваат информациите на страни кои инаку би биле празни.

Секој сопственик на сајт е поттикнат да се приклучи кон иницијативата. Проектот NotFound е дело на Missing Children Europe, Child Focus, European Federation for Missing and Sexually Exploited Children и уште неколку европски организации. Целта на NotFound е да убеди што е можно поголем број сајтови да додат мало парче код за страните да ги прикажуваат фотографиите на исчезнати деца.

До сега околу 480 сајтови се приклучиле кон NotFound иницијативата и ги промениле своите 404 страни. Марис Роланд, портпаролот на Child Focus, изјавила дека алгоритам одредува кои деца ќе бидат прикажани при секоја посета. „Би можело да биде неодамнешно исчезнување, или пак дете кое е исчезнато подолго време. Овој проект ќе ни овозможи повторно да го концентрираме нашето внимание на деца кои се исчезнати со години.“

„Постои ризик овие деца да бидат вечно заборавени.“ Штом сајтот ќе се приклучи на иницијативата и ќе го вметне кодот на NotFound проектот, секој пат кога некој ќе посети 404 страна ќе добие информации за исчезнато дете. Франсис Херберт, генерален секретар на Missing Children Europe, изјавил: „Секогаш бараме нови канали за комуницирање со јавноста за ширење на информации за исчезнати деца.“

- Реклама -