Земјата на северот од Скандинација веќе со години се смета за најдобра држава за живот во светот. Станува збор за фјордовите и планините кои ја чинат главната понуда на туристичката атракција – Норвешка.
Обединетите Нации во својот годишен извештај за развој, дванаесетта година по ред ја прогласува Норвешка за најдобра земја во светот за живеење. Жителите на оваа земја имаат долг животен век, водат здрав живот и уживаат во пристоен животен стандард.
Норвешка се најде пред Австралија и Швајцарија, кои котираат на високото второ и трето место.
Во целиот извештај ја побаравме и Македонија, која се наоѓа на 81-то место, меѓу 188 земји од целиот свет.
Oд Балканот највисоко котираат Словенија и Грција кои се наоѓаат на 25 и 29 место , зад нив, а пред нас се Хрватска, Бугарија и Србија, додека неколку позиции зад нас остануваат Албанија и Босна и Херцеговина.
Последното место и годинава и припаѓа на Нигерија.