Книга: Ноќниот воз за Лисабон

Книга: Ноќниот воз за ЛисабонПродолжуваме да ви ги претставуваме новите изданија што Издавачкиот центар ТРИ ги подготви за Зимскиот фестивал на книгата. Оваа недела ќе ја доделуваме книгата „Ноќниот воз за Лисабон“ од швајцарскиот писател Паскал Мерсие, која е уште една топла препорака од нас за вас.

Ноќниот воз за ЛисабонРaјмунд Грегориус предава класични јазици на швајцарскиот лицеј, и живее рутински живот. Еден ден случајната средба со една Португалка го доведува до неверојатна книга што ќе го поттикне да го преиспита и да го промени својот живот. Истата ноќ, тој се качува на воз за Лисабон, а со него патуваат и зборовите на Амадео де Прадо, лекарот чиишто принципи се судриле со диктатурата на Салазар. Вовлекувајќи се во записите и рефлексиите на таинствениот Португалец за љубовта, осаменоста, конечноста, пријателството и смртта, Грегориус ги следи трагите на тој фасцинантен човек и постепено го запознава. Возбудливото патување го води сè подлабоко во португалската историја проткаена со легенди, но и длабоко во сопствените мисли и сеќавања.  

Можеме ли едноставно да ги напуштиме нашите животни патеки? Што значи вистински да се спознае некој друг човек? И колку точно се познаваме себеси? Во овој роман станува збор за едно патување, не само низ Европа и нејзината историја, туку и низ нашите чувства и размислувања: еден многугласен еп, литературна радост за умот и чувственоста.

„Книга што се чита речиси без здив, што не се остава… Прирачник за душата, интелектот и срцето“
Die Welt

Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.

Добитници на „Девојката што го урна осилото“ се:

1. Марија Најдановска
2. Лидија Диневска
3. Љупка Дамческа

- Реклама -