Новиот модел oд телефоните на Nokia ќе се продава за 19 евра, односно нешто помалку од 1.200 денари. Телефонот ќе се појави во продавниците кон крајот на септември и ќе биде достапен во црна, црвена или бела боја.
Nokia 130 ќе располага со 1.8-инчен екран со резолуција 160 x 128 пиксели.
Од Nokia се обложуваат на најважното – јавување, СМС музички и видео плеер и се разбира – светилка. Батеријата на Nokia 130 е многу издржлива, бидејќи може да издржи до 36 дена во стенд-бај режим.
Телефонот најпрво ќе биде пуштен во продажба во Кина, Египет, Индија, Индонезија, Кенија, Нигерија, Пакистан, Филипини и Виетнам.