Ако барате евтин телефон, но не сте подготвени да се откажете од проверување на Facebook и Twitter, Nokia ќе ви помогне.
Финската компанија ќе го лансира Nokia 109, евтин „глупав“ телефон кој има интегрирани Twitter и Facebook клиенти. Овој нов телефон е наменет за пазари со помал приход во Кина, пацифичкиот регион на Азија и Европа.
Ваквите телефони се сè уште доста популарни во многу делови од светот. Според IDC, 264,8 милиони вакви телефони биле продадени во минатиот квартал. Токму затоа Nokia сака да го подобри нивниот производ со интернет способности кој ќе чини само околу 32 евра.
Покрај цената телефонот ќе има и други бенефити, како подобрена батерија со неверојатни перформанси за денешно време – 33 дена на стендбај и 7,5 часа разговор. Иако не е смартфон, 109 ќе им овозможи на корисниците да го пребаруваат интернетот, да користат Twitter и Facebook, и дури и да играат игри од компании како EA и Zynga.