Nokia Lumia 925 влезе во Матрикс

Маркетинг одделот на Nokia во последно време има голем успех со своите реклами благодарение на креативноста, одредената доза на хумор и оригиналност. Најновата реклама за Nokia Lumia 925 ќе ве внесе во светот на Матрикс.

 

NokiaLumia925video

Сите љубители на научната фантастика добро се сеќаваат на култната сцена од филмот Матрикс кога Нео ќе се запознае со Морфиус и ќе се соочи со изборот меѓу црвената и сината пилула. Креаторите на оваа реклама на овој начин ја прикажуваат моќта на Nokia Lumia 925 при правење на т.н акциони слики.

lumia925_141510141329

Оваа одлична камера може да ги регистрира сите најмали движења во една секвенца од кои може да ја одберете таа што најмногу ви се допаѓа или пак да ги искористите сите во еден интересен колаж. Прашањето е која пилула вие ќе ја одберете, црвената или сината, а претходно задолжително погледнете ја оваа реклама за Nokia Lumia 925.

[youtube]http://youtu.be/vyp8MNn1uNg[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -