Долго очекуваниот смартфон на финскиот производител кој ќе има камера од 41 мегапиксел исто како и PureView 808 но, со оперативен систем Windows Phone 8, повторно се појави во јавноста. Според последните гласини Nokia EOS 41 е во тест фаза кај американскиот оператор AT&T.
Досега овој оператор имаше можност прв да ги лансира смартфоните на Nokia како Lumia 900 и Lumia 920, па нема да биде изненадување ако повторно ја добие таа можност. Според новите информации овој смартфон се води според кодното име Elvis.
Инаку Nokia EOS ќе биде сконцетриран главно на моќта на камерата но и со неколку измени во дизајнот кои ќе овозможат смартфон со ергономичен и функционален дизајн. Во однос на хардверот сеуште има големи мистерии па освен меморијата од 32 GB и екранот со OLED технологија, други детали не се познати.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk