По успехот кој финската компанија го има со својата серија на телефони Lumia, Nokia планира наскоро да претстави Lumia таблет, како и поголем телефон т.н. фаблет.
Како што изјави заменик претседателот на Nokia, Jo Harlow, компанијата веќе одамна е заинтересирана за производство на таблети и веруваат дека ќе нивните нови уреди ќе станат доста популарни меѓу фановите на финската компанија. Се очекува овој таблет да работи на оперативниот систем Windows, и да биде претставен во јули оваа година.
Исто така, она што е најново од Nokia, е појавувањето на слика на која се гледа телефон со поголем екран (фаблет) со 6 инчи, кој сега за сега е познат како Nokia Lumia 1030. Како што може да се види од сликата која не е баш јасна, телефонот е доста тенок и покрај моќните перформанси кои се очекува да ги има.
Се шпекулира дека Lumia 1030 ќе има full HD дисплеј од 1080х1920 пиксели, камера од 14 МР со Carl Zeiss, 310 g тежина и тенок само 7mm. Извори блиски до компанијата тврдат дека овој фаблет ќе биде претставен во третиот или четвртиот квартал оваа година.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk