Nokia Android смартфон – Паметен потег или промашена инвестиција

Смартофнот на Nokia кој треба да работи на прилагодена верзија на оперативниот систем Android повторно се појави во јавноста, на некој начин воскреснувајќи по бројните шпеклуации дека е дефинитивно повлечен од производство, но прашање е колку компанијата е подготвена за еден ваков потфат.

Според најновите информации Nokia Normandy ќе работи на посебен оперативен систем кој само делумно ќе се базира на Android, што значи дека нема да има пристап до апликациите на Google и базата во Play Store.
Неговиот интерфејс ќе се базира на системот на Nokia во комбинација со апликацијата Nokia HERE Maps, Skype и дел од менито на Windows Phone за почетниот екран и пристапот до брзите активации и кратенки.
Nokia ќе му забоде нож во грб на Microsoft
Се ова изгледа како одлична идеја, но постои опасност Microsoft да го стопира проектот бидејќи Nokia не смее да лансира смартфон во наредните две години, што значи преостанува варијантата Nokia Normandy да биде дел од серијата Nokia Asha, но само со комбиниран Android интерфејс.
Текстот е објавен во соработка со Telefoni.mk
- Реклама -