Nokia 888 – концепт на иднината

1204676748_144Од сите прототипи на мобилни Нокиа 888 најдобро ја доловува иднината. Од Нокиа велат дека со ова ќе направат револуција, ќе се смени досегашното размислување кон мобилните и дека ќе се носат наместо рачни часовници. Доволно вовед, еве мала презентација низ слики и видео.


Од сите прототипи на мобилни Нокиа 888 најдобро ја доловува иднината.
Од Нокиа велат дека со ова ќе направат револуција, ќе се смени
досегашното размислување кон мобилните и дека ќе се носат наместо рачни
часовници.

Нокиа 888 на прв поглед изгледа како парче хартија. Целата внатрешна страна е прекриена со тач скрин кој може да го виткате по ваша желба. Телефонот ја менува формата во зависност од режимот на работа – кога ѕвони алармот, кога некој ве бара, кога зборувате…и не само тоа – вие може да креирате свои форми кои најмногу ви одговараат и се најергономични.

nokia4ik6

Нокиа 888 не мора да го носите в џеб. Може да го закачите на облеката, околу рака…значи го носите каде сакате, во која форма сакате.
Нема тастатура ама затоа има гласовни команди. Има течна батерија, функционира и како ГПС уред, дигитален паричник (т.е замена за кредитна картичка). И на крај, може да кажеме дека ова е парче накит кое никогаш нема да излезе од мода.

nokia3ag2
{youtube}D3dF44XtHek{/youtube}

Ништо друго не ни останува освен да почекаме 🙂

- Реклама -