Nokia 808 PureView – телефон со камера од 41 мегапиксел

Камерата во Nokia 808 Pureview ги уништува сите останати камери во телефони – и покрај комплицираниот интерфејс.

На почетокот од оваа година Nokia го најави 808 PureView телефон со камера од 41 мегапиксели. Тоа е бројка која не се среќава кај моментално достапните телефонски камери и Nokia тврди дека камерата ќе овозможи создавање на неверојатни фотографии со неверојатна длабочина која ќе овозможи доста зумирање и манипулација.

Mashable ја тестирале камерата за да видат дали е навистина толку добра, ова се неколку од фотографиите направени од покривот на зградата во која се сместени нивните канцеларии во кои јасно се гледа способноста за зумирање.

Како што се гледа од фотографиите камерата надминува сè друго што би можело да се најде во телефон. Зголемениот број мегапиксели не создава поквалитетни слики, но поголемите фајлови овозможуваат многу повеќе манипулација.

За жал интерфејсот е најголемата мана на телефонот. Тешко е да се вклучи 41 мегапикселната функција на камерата а големината и квалитетот на фотографиите се менува низ серија комплициранји менија. Потребата за вклучување на 41 мегапикселната функција е потребна за мудро искористување на меморијата – фотографија од 41 мегапиксел тежи околу 34 мегабајти.

Што мислите за фотографиите создадени со Nokia 808 PureView? Дали вие би платиле за ваков телефон?

- Реклама -