Nokia 1100 најпродаван мобилен телефон во светот

mobile_nokia_1100_terraМобилниот телефон модел 1100 на компанијата „Нокиа“ ја доби титулата
најпродаван мобилен телефон во светот. Телефонот е претставен во 2003
година и иако, според сите параметри и начинот на кој се менува
доминацијата на технолошките направи на пазарот, би требало да биде
застарен модел, тоа не е така.


5-7-07-nokia1100Мобилниот телефон модел 1100 на компанијата „Нокиа“ ја доби титулата најпродаван мобилен телефон во светот. Телефонот е претставен во 2003 година и иако, според сите параметри и начинот на кој се менува доминацијата на технолошките направи на пазарот, би требало да биде застарен модел, тоа не е така.

Се покажа дека овој евтин и едноставен модел има навистина силни адути, а досега се продадени повеќе од 200 милиони примероци.

„Нокиа 1100“ има Монохромен (црно-бел) екран со 96х65 пиксели и е опремен за основни телекомуникациски можности, како телефонски разговори и испраќање и примање електронски пораки. Телефонот може да репродуцира едноставни моно-мелодии и содржи основни опции како будилник и потсетник.

Милијардитиот продаден мобилен телефон од „Нокиа“ беше токму „Нокиа 1100“, а бројката од продадени 200 милиони примероци далеку ја надминува продажбата на другите преносни направи како iPod (100 милиони), „моторола РАЗР“ (50 милиони), мобилниот телефон „ЛГ чоколад“ (10 милиони) и играчката конзола „Плејстејшн 2“ (115 милиони).

виа.

- Реклама -