Финската компанија повторно лансираше едноставен мобилен телефон на пазарот кој не потсетува на едни не така дамнешни времиња кога беше доволно телефонот да има екран во боја и камера. Nokia 108 е токму таков телефон и ќе се продава по цена од само 29 долари.
Nokia 108 има мал екран од 1.8 инчи и под него се наоѓа убаво дизајнирана нумеричко-текстуална тастатура со широки копчиња. На задната страна се наоѓа едноставна камера со WGA квалитет, како и супер издржлива батерија која обезбедува 30 дена во мирување.
Мобилниот телефон ќе има пет бои на маската сина, жолта, црвена, црна и бела. Со него ќе може да слушате mp3 фајлови, а за таа намена е вклучен и влез за мемориска microSD картичка, како и поврзување со FM радио.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk