Нокаут и Дарко Гелев-Брејк ја објавија нивната најнова песна „Скопје-Барселона“, која тие ја опишуваат како нешто ново и нешто различно и невообичаено за Нокаут.
Песната има летен ритам и звук со ретро латино шмек, со музика на Никола Перевски – Пере, аранжман на Дарко Димитров, а текстот за песната е напишан од Игор Џамазов.
Песната излегува во период кога Нокаут се активни со концерти низ државата, откако на 5 јули тие настапија на Хераклеја во Битола, додека на 27 јули имаат закажн концерт на Античкиот театар во Охрид.