Патрик Сидберг и Валтер Вудман ни го претставуваат краткиот филм „Noah“, кој е снимен целосно од перспектива на еден интернет корисник, во екот на раскинувањето на врската со неговата девојка. Погледнете како се одвива животот на Ноа преку Facebook, Skype, па дури и Pornhub, додека се справува со љубовните проблеми.
Настаните во видеото се огледало на модерната реалност, многумина ќе се поврзат и ќе сочуствуваат со главниот лик и случувањата што го мачат. Филмот трае 17 минути, но ви ветуваме дека ќе вреди да ги потрошите баш овде.