Како општествено одговорна банка, во услови на енергетска криза и зголемени цени на електрична енергија, НЛБ Банка организира промотивна кампања за НЛБ haPPy картичките.
Во рамките на оваа кампања, која е во тек и ќе трае до 31.03.2022 година, Банката на клиентите им овозможува 5% поврат на средства (cashback) за секоја сметка за електрична енергија платена со НЛБ haPPy картичка во промотивниот период.
Со НЛБ haPPy картичката, заштеда со секоја трансакција и во секое време
НЛБ haPPy e кобрендирана револвинг кредитна картичка од програмата на Mastercard која на клиентите им овозможува загарантиран поврат на средства (cashback) со секое купување во земјата и странство што овозможува заштеда со секоја трансакција и во секое време.
Со користењето на оваа картичка во рамки на партнерската мрежа, која брои преку 200 трговци и повеќе од 1.000 продажни локации, клиентите при секое купување можат да добијат поврат на средства во висина и до 10% од износот на трансакцијата, како и можност за плаќање на рати без камата.
Инаку, за отплата на доспеаните обврски корисниците на НЛБ haPPy кредитната картичка месечно уплатуваат минимум 5% од вкупните месечни трошоци или повеќе, согласно нивните можности, при што добиваат и бескаматен грејс период до 45 дена.
За добивање на НЛБ haPPy картичките може да се аплицира во сите експозитури на НЛБ Банка или во продажните салони на Нептун Македонија.
Повеќе информации на www.happycard.mk
* Комерцијален текст