Кошаркарите на Њујорк Никс ја остварија и третата победа од стартот на сезоната во НБА лигата, што е нивен најдобар почеток од 1999 година.
Кармело Ентони со 21 поени и Џеј Ар Смит со 17 постигнати кошеви го предводеа овој тим до сигурен триумф над Филдалефија од 110:88.
Мајами исто така беше во свој елемент, со 124:99 го прегази Феникс, во меч во кој Леброн Џејмс беше стрелец на 23 поени, а Двејн Вејд беше веднаш до него, со 22 уфрлени кошеви.
Сан Антонио исто така има перфектен старт на сезоната, со четири триумфи во серија. Најновата жртва беше Индијана, која ја совладаа со 101:79. Гери Нил влезе од клупата и постигна 17 поени, а одличен беше и Дехуан Блер, кој исто така се покажа како фантастичен „резервист“ со 14 поени и 11 скокови.