Археолозите во Мантуа, градот на Ромео и Јулија откриле скелети на пар во љубовна прегратка стари преку 5000 години. Теоријата која се поврзува со ова пронаоѓање е дека мажот бил убиен, а потоа жената се жртвувала за неговата душа.
Археолозите во Мантуа, градот на Ромео и Јулија откриле скелети на пар во љубовна прегратка стари преку 5000 години.
Теоријата која се поврзува со ова пронаоѓање е дека мажот бил убиен, а потоа жената се жртвувала за неговата душа која подоцна ќе го проследи во задгробниот живот(според верувањата во тоа време).
Елена Меноти, археологот кој ги води ископувањата кај Валдаро близу Мантуа во Северна Италија вели:
„Многу сме возбудени. Пронајдовме многу скелети како прегрнуваат деца, но ова е првпат да наидеме на пар. Ја работам оваа работа веќе 25 години и сум била на познатите ископувања на Помпеја, меѓутоа никогаш не сум се почувствувала толку трогната како со откривањето на овие двајца несреќни млади“.
Дополнителното истражување на „Љубовниците од Валдаро“ открило дека мажот(лево на сликата) имал стрела во `рбетот.
Во „Ромео и Јулија“ Ромео е испратен во Мантуа поради убиство во една борба со мечови. Тој наскоро го напушта градот и се враќа во Верона за да дознае дека неговата љубов – Јулија, е мртва.
Update: Италија нема да ги раздели прегрнатите љубовници од каменото доба. Во знак на Свети Валентин италијанските научници рекоа дека се решени да ги извадат и сочуваат неразделни коските на машкиот и женскиот костур што во прегратка биле закопани пред пет до шест илјади години.
Наместо да ги вадат коските една по една, а подоцна повторно да ги состават, археолозите планираат да ја откопаат целата парцела каде што се закопани двајцата.
Парчето земја потоа ќе биде однесено на анализи, по што ќе биде изложено во италијански музеј со што најдолготрајната прегратка со светот ќе биде сочувана и за идните генерации.
"Сакаме да ги сочуваме такви какви што биле цело време – заедно", рече археологот Елена Ментои, која го објави откритието пред една недела.